Тие што не се вакцинираат, сами да си платат за лекување

90

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека ЕУ веќе размислува за оние кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирус сами да ги сносат трошоците за лекување.

“Во Европската унија веќе се размислува за тоа оние кои одбиваат да бидат вакцинирани сами да си ги сносат трошоците за лекување. Во Хрватска не одиме во таа насока. Државата ќе плати за нивното лекување, но зошто нашите пари да одат на лекувањето на некој, кој можел да се заштити?“, рече Берош.

Според него, Хрватска сега мора да премине на нов пристап кога станува збор за популаризирање на вакцинацијата, што ќе вклучува задолжителни предавања и едукација за сите лица, дури и на невакцинираните во здравствениот систем.

“Предавањата ќе бидат задолжителни затоа што тие се одвиваат во рамките на образованието за време на безбедноста при работа“, додаде Берош, додавајќи дека на другите сектори ќе им биде предложено да го сторат истото.

Фото: Pixabay