TikTok достигна една милијарда месечни активни корисници

26

Социјалната мрежа TikTok достигна една милијарда месечни активни корисници на глобално ниво ова лето. Така, услугата забележа покачување на показателот за 45% во споредба со јули 2020-та година.

САД, Европа, Бразил и Југоисточна Азија се најголемите пазари за популарната апликација за кратки видео содржини, соопшти компанијата.

Претходно, компанијата соопшти дека има околу 55 милиони корисници ширум светот заклучно со јануари 2018-та година. Тој број се зголеми на повеќе од 271 милиони до декември 2018-та година, 508 милиони до декември 2019-та година и 689 милиони до јули 2020-та година.

Платформата за споделување видеа е во сопственост на кинескиот технолошки гигант ByteDance.