TikTok ги зголеми приходите и покрај проблемите во САД

13

Кинеската компанија ByteDance, која е сопственик на социјалната мрежа TikTok, минатата година ги зголемила приходите од споменатата апликација за дури 60 отсто.

Според тоа, заработката се зголеми на 40 милијарди долари, од 25 милијарди долари во 2022 година.

TikTok им нуди на креаторите на содржини можност да заработат преку програмите TikTok Creativity и TikTok Rewards, како и подароци што ги добиваат од гледачите за време на преносите во живо, а TikTok добива дел од приходите генерирани од тој метод, според извештајот објавен од Bloomberg.

Влијание на оваа заработка има и TikTok Shop што TikTok го лансираше во Соединетите Американски Држави (САД) и земјите од Југоисточна Азија.

TikTok Shop им овозможува на продавачите да ги водат своите продавници за е-трговија преку платформата за социјални медиуми. TikTok добива провизија од продажба.

САД и TikTok не беа во добри односи во последниве месеци, при што платформата се соочува со забрани од САД. Во исто време, американските инвеститори размислуваат за преземање на социјалната мрежа, надевајќи се дека ќе ја намалат нејзината цена поради санкциите со кои се соочува во САД.