TikTok лансира платформа за е-трговија во САД

94

TikTok планира да лансира платформа за е-трговија во САД на почетокот на август за да продава стоки произведени во Кина, објави The Wall Street Journal, цитирајќи луѓе запознаени со планот.

Апликацијата се обидува да го повтори американскиот успех на кинеските платформи за купување Shein и Temu и ќе биде одговорна за складирање и испорака на предмети во име на производителите и трговците на мало во Кина, се вели во извештајот, цитиран од Ројтерс.

TikTok не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Потегот доаѓа откако ТикТок се соочува со зголемена контрола од американските официјални лица поради загриженоста за безбедноста на податоците.

Компанијата се бори да спречи забрана во САД, откако беше воведен нацрт-закон со кој администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ѝ даде овластување да забрани апликации кои имаат потенцијални безбедносни ризици.