ТикТок видео стана вирално: Како да препознаете токсичен шеф

82

Кога аплицирате за некоја работа, а притоа не знаете ништо за атмосферата и начинот на работа во таа компанија, не е лесно да знаете кој ве чека “од другата страна“.

Тешко е да се открие дури и на интервју за работа, кога ќе се сретнете со шефот. За среќа, Ј.Т. Одонел, тренер за управување со кариера и директор на WorkItDaily.com, открива како со само едно прашање, можете да идентификувате дали имате работа со токсичен шеф.

Кога е на ред да поставите прашања, едноставно кажете: “Може ли да ми кажете нешто за најуспешната личност во компанијата, што точно прави за да го постигне тој успех“, вели Одонел.

Ова е важно затоа што шефот, преку одговорот за трето лице, всушност ќе ви каже што очекува од вас. Ако најуспешната личност во компанијата доаѓа на работа пред сите други, и заминува дома доцна, работи за време на викендите, достапна е  24/7, тогаш ќе ви биде јасно што се бара од кандидатите во тоа деловно опкружување.

Опишаниот начин на работа не е нешто што се нарекува баланс помеѓу приватниот и деловниот живот и  Ј.Т. Одонел ги советува кандидатите да “бегаат“ од вакви шефови кои бараат многу.

За многу корисници на ТикТок, ова видео беше откритие, а еден коментар гласеше: “Јас сум менаџер за човечки ресурси повеќе од 20 години и ова е многу паметно набудување и фантастично прашање“.

Фото: Pexels