Тиквеш чека сертификат, па ќе продолжи со откупот

28

Во информацијата испратена до лозарите, меѓу другото, се појаснува дека Државниот инспекторат за земјоделство го прекина откупот на грозје од ВВ Тиквеш на 1 септември поради непоседување сертификат за верификација, за чија потреба, како што велат од винарницата, никогаш досега не им било укажано од надлежните институции. Винарницата веднаш почнала процедура за добивање сертификат.

„Како и секоја година, и годинава откупот на грозје започна во согласност со сите регулативи што ги пропишуваат надлежните институциите. Во врска со новонастанатата ситуација и одредените информации што се појавија во јавноста околу откупот и неговото проблематизирање, ВВ Тиквеш сака да појасни дека сите мерни инструменти, ваги и сонди редовно се баждарат и калибрираат во надлежните институции, за што винарницата поседува и соодветни сертификати од Бирото за метрологија. ВВ Тиквеш располага со софистицирани дигитално-автоматски сонди кои ја мерат шеќерноста на грозјето при што се невозможни какви било човечки интервенции“, се вели во информацијата од Тиквеш испратена до лозарите.