Тиквеш и Миодраг Костиќ заинтересирани за винаријата Планчиќ на Хвар?

46

plancic

Загрепската Croatia Lloyd, компанија во сопственост на Кроација осигурање, минатата недела објави тендер за продажба на 51% удел што го има во фирмата Планчиќ, првиот приватен винар на просторите на поранешна Југославија. Интерес за Планчиќ изминатите години покажале македонската винарија Тиквеш и српскиот бизнисмен, кралот на шеќерот, Миодраг Костиќ, пишува Слободна Далмација.

Планчиќ поседува 30 хектари лозов насад, концесија на уште 180 хектари државно земјиште, околу 200.000 литри вино залихи, како и винарско – туристички проект на подрачјето на Пољица на Хвар.

Потенцијален инвеститор може да биде домашно или странско физичко или правно лице чија основна дејност е производство на вино од грозје или поседува доволно финансиски ресурси за купување на овој удел, стои во огласот, во кој се повикуваат потенцијалните инвеститори да искажат интерес најдоцна до петок, 5 септември, пишува Пословни дневник.