Тиквеш: И покрај рекордните бројки за откупот, квалитетот останува најважен

21

tikves

За рекордната последна берба и откупените 25 милиони килограми грозје, винарската визба Тиквеш, во законски определениот рок, исплати 371 милион денари, стои во соопштението.

“Минатата година откупивме рекордни 25 милиони килограми по цени над пазарните бидејќи откупуваме исклучиво високо квалитетно грозје и исплаќаме дополнителни бонуси за екстра квалитет. За нас почитувањето на договорените обврски, особено законската регулатива во овој домен, е императив и затоа со крајни напори успеавме да ги подмириме обврските, иако виното од бербата 2015-та допрва се пласира на домашниот и светските пазари“, изјави генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски.

Добрата соработка со лозарите, во насока на постигнување и одржување на високиот квалитет на грозјето, како предуслов за производство на врвно вино, е долгорочна стратешка цел на Тиквеш.

Во таа насока, винарницата, долгорочно ќе продолжи да го поддржува производство на грозје со висок квалитет со цел да ја оствари својата заложба за производство на висококвалитетно флаширано вино од Македонија и негова светска промоција.