Винарската визба Тиквеш од Кавадарци донесе предлог одлука за распределба на остварената добивка од работење во 2020 година, којашто ќе се најде пред Собранието на акционери на 28-ми мај годинава.
Остварената нето добивка од 67.638.214 денари, според предлог одлуката, ќе се користи годинава за нови инвестиции.