Тиквеш за годинава планира добивка од 193 милиони денари

66

Винарската визба Тиквеш од Кавадарци за оваа година проектира добивка од 193.080.000 денари, покажува бизнис планот за 2021 година.

“Во 2021 година, винарската визба Тиквеш планира раст на волуменска продажба од 16,4% и раст на вкупен приход од продажба од 24,6%. Се планира раст на комерцијалните трошоци за 37,9% и оптимизација на фиксните трошоци со цел да се реализира нето добивка пред оданочување во износ од 193 милиони денари“, стои во бизнис планот на Тиквеш.

Фото: Pexels