Тиквешки вински пат дел од проектот Науката и праксата – пат кон успехот

47

Фондацијата Тиквешки вински пат во соработка со Министерството за економија и Кластерот за туризам го спроведува проектот Науката и праксата-пат кон успехот.

“Во рамките на проектот беше посетена куќата на кластерите во Ниш, каде што беше потпишан меморандум за соработка. За време на посетата разговаравме за реализација на заеднички проекти и туристички производи, презентации во други земји”, информираше Виолета Јанкова, извршен директор во секторот туризам при Фондацијата.

Јанкова додаде дека проектот продолжува со изработка на методологија и прашалници за потребите на бизнис секторот, но и на факултетите, како и на институциите.

“Сето тоа со единствена цел, преку нивно поврзување да се дојде до конкурентни и квалитетни кадри и производи. Така ќе се подобри економијата на ниво на целата држава”, нагласи таа.

По завршувањето на анализите, ќе биде организиран форум за сите инволвирани страни и заеднички ќе се донесат заклучоци за понатамошна соработка.