Tillable – онлајн платформа за изнајмување земјоделско земјиште

43

Фото: Pixabay

Tillable претставува онлајн платформа што ги поврзува сопствениците и корисниците на обработливо земјоделско земјиште.

Овој технолошки старт – ап, што активно функционира во САД, ги користи податоците од евиденцијата на данокот на имот за да може полесно да ги пронајде сопствениците на земјиште. Потоа, ги контактира за да може на потенцијалните земјоделци – корисници на земјиштето да им обезбеди дополнителни информации.

Секој потенцијален корисник на земјиштето мора да има свој профил што ги содржи сите детали за неговото земјоделско искуство и опремата со којашто располага.

Се проценува дека земјоделското земјиште во САД има вредност од 32 милијарди долари, а 40% од вкупната површина се дава под наем.  Голем е процентот на обработливи ниви во САД што остануваат неискористени, бидејќи семејствата кои ги поседуваат не сакаат да се занимаваат со земјоделие, но не сакаат или немаат начин како да ја препуштат на други да ја обработуваат.