Тим иноватори од Даблин креираа еколошки лаптоп од дрво

21

Тим иноватори од компанијата iameco (I Am Eco), со седиште во Даблин, Ирска, креираа лап-топ од одржливи материјали, којшто воедно е и најновиот производ од нивната линија на еколошка технологија. Еко линијата вклучува и десктоп модел како и низа додатоци за компјутери, пишува Inhabitat.

Целта на тимот е да придонесе за намалување на електронскиот отпад и токсичните материи коишто се ослободуваат од истиот. Тимот прво создаде еколошки десктоп компјутер со екран на допир и потоа дрвен лаптоп водејќи се од истите принципи за животната средина, како и кај првиот производ.

Од компанијата тврдат дека нивните компјутери траат три пати подолго од останатите производи на пазарот, односно до 10 години. Иако технологијата се менува многу брзо, iameco за таа цел креираа модуларен дизајн што значи дека поединечни делови од лаптопите можат да се ажурираат како што стареат или да се надградат со најнови верзии.

Освен тоа компанијата исто така ги елиминираше токсичните хемикалии што се користат при производството, како олово, кадмиум, жива, PVC и други.

Еколошките лаптопи користат една третина помалку енергија од другите модели и не содржат пластика базирана на нафта, којашто ја има во стандардните модели. Наместо тоа за креирање на лаптопите тимот користи природен пепел, јавор и бука собрани од одржливи шуми.

Моделот наречен d4r ја намалува потребата за вода при производство дури за 75%.

Освен компјутери iameco нуди и еко тастатури и глувчиња направени од одржливо дрво.