Тим Кук минатата година заработил “само“ 9,2 милиони долари

28

tim kuk

Главниот и извршен директор на Apple, Тим Кук, сè уште не е милионер, но е на добар пат да стане. Минатата година неговата годишна плата изнесувала 9,2 милиони долари.

Неговата плата е зголемена на 1,75 милиони долари, а неговиот бонус двојно се зголеми на 6,7 милиони долари. Во тој износ е вклучен и одморот што 50-годишниот Кук не го искористил, а е во вредност од 56.923 долари. На тој износ се додаваат и 700.000 долари дополнителни средства, пишува Cnn Money.

И покрај заработката, Кук е еден од најмалку платените одговорни лица во Apple за минатата година. Новата шефица на Apple, Ангела Ахрендс заработи најмногу – дури 73,3 милиони долари.

Apple е највредна компанија во САД во текот на минатата година, а акциите во ноември чинеа 119,75 долари.