Вработени во Македонски Телеком и Т-Мобиле од Македонија, Црна Гора и Унгарија вчера трчаа на Скопскиот Виз ер маратон, со што го исполнија условот за секој истрчан километар компанијата да донира по 1.500 денари за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака.
Деветнаесет вработени учествуваа на полумаратонот од 21 километар, а еден на маратонот од 42 километри. Со пристигнувањето на целта, вработените обезбедија донација од 11.000 евра.
“Предизвикот и мотивот за сите нас беше огоромен успешно да ја завршиме трката. Иако на моменти не беше едноставно да се истрчаат потребните 21 километар, нашата решителност беше пресудна да издржиме до крај за да ја соберме највисоката сума на донацијата која ќе ја добијат лицата со интелектуална попреченост“, изјави Димитар Ковачевски, директор на комуникации во Македонски Телеком и учесник на маратонот.