Timberland и Thread создадоа чевли и чанти од рециклирани пластични шишиња

42

nmАмериканската компанија Timberland во соработка со Thread, производител на текстил со седиште во Пенсилванија, креираше линија на обувки и чанти за чија изработка е употребен текстил од 50% рециклирани пластични шишиња, собрани од улиците во Хаити и Хондурас. Линијата е закажана да биде достапна за купувачите од следната пролет.

Интернационалната компанија Thread вработува околу 3.600 собирачи на пластични шишиња, претприемачи и работници од земјите во развој, пишува Ecouterre. Според извршниот директор, Иан Розенберг, корисниците на производите од Timberland ќе можат многу да научат за луѓето и нивните приказни при купување на некои од обувките и чантите создадени на овој начин.

Thread планира да инвестира 300.000 долари и донации со цел да го подобри образованието, обуките поврзани со работа и здравствените услуги за повеќе од 300 жители на Хаити. Timberland, од друга страна, ќе посади пет милиони дрвја во оваа Карипска земја со цел да се креира самоодржливо агрошумарство за 3.200 фармери.

 

timberland-thread-5-537x403timberland-thread-1-537x403