Тимски успех!   

82

uspeh

Фото: Pixabay

Овој неделен совет е бр. 300!

Тоа значи дека 300 недели (четвртоци) по ред пишуваме и споделуваме со вас идеи, мислења, сознанија и искуства. 300 недели по ред не сме пропуштиле да објавиме текст, без оглед дали е празник, делник, слава, Нова година, Бајрам или Велигден. Секој четврток од 2010 година, колку и да сме биле мрзеливи, не сме имале идеја, не сме имале време, можност или слично, ние сме издржале и не сме потклекнале и не сме пропуштиле ниеден четврток.

Започнавме со текстови што се испраќаа до мала база читатели. Денес Tip of the Week, неделните совети, стигнуваат повеќе до 30.000 читатели во Македонија (и пошироко) и веќе прераснува во концепт кој нуди една поразлична перспектива и содржина, креирана од повеќе различни автори, вработени во фирмата или надворешни соработници.

Најголемиот фактор за досегашниот успех е професионалноста и посветеноста на целиот тим на Македонија-Експорт. Сите ние се гледаме како дел од една целина и секој од нас со својот дух, енергија и знаење допринесува во остварување на единствената заедничка цел. Затоа и во иднина постојано ќе работиме на јакнење на целиот тим и посветено ќе работиме кон извршување на работите на најпрофесионално ниво. Само доколку сите ние, како тим, успееме да го задржиме тоа ниво на мотивација и професионалност, веруваме дека иднината на нашата, но и на која било друга компанија ќе биде позитивна.

Ви благодариме и на сите што сте со нас и што нè поддржувате во нашиот пат. Сите ваши коментари, критики и пофалби, секогаш ни се добредојдени и нè стимулираат да издржиме понатаму и да останеме доследни на нашите планови.

Со успех во промените,

ТИМ