Тинејџерка од Хрватска дизајнираше соларен автомобил со вселенски изглед

42

soela 1Анита Видиќ од Хрватска има 16 години и е првата што дизајнираше соларен автомобил со вселенски изглед, пишува ХРТ.

“Проектот започна во училиште, добивме задача да направиме некаков изглед на соларното возило со коешто би оделе на натпревар во Сисак. Техничкото училиште во Сисак веќе неколку години го организира овој натпревар, а се вклучуваат сите училишта во Хрватска“, вели Видиќ.

soela 3

Идејата за дизајнот на овој соларен автомобил го добила по темелните истражувања на интернет. Забележала дека сите соларни автомобили повеќе или помалку изгледаат слично – како кревет на тркалца.

“Најмногу инспирација добив од Бетмен, некако од секогаш сакав да го гледам, има тука нешто посебно… На сите на почетокот им изгледаше невозможно, недостижно, премногу скапо, сосема поинакво и различно, но реков дека нема што да загубам и ако се обидам можам само да успеам“, додава тинејџерката од Нова Градишка.

Таа вели дека откако дизајнот е претставен во 3D верзија, постојано се јавуваат спонзори што се заинтересирани за овој дизајн.

“Сега работата тргна во совршена насока, спонзори има насекаде, секојдневно пристигнуваат мејлови и сите компании со коишто контактиравме ги прифатија нашите идеи и барања. Успеавме да ја намалиме цената на автомобилот од предвидените 200.000 куни (26.634 евра) на 100.000 куни (13.316 евра), а може и на помалку“, вели Видиќ.

ANITA_VIDIC___SOLAR_PROJECT_NG.jpg.688x388_q85_crop_upscale