Претприемничка од Јужна Африка основаше компанија за такси во која ќе работат само жени возачи. Причината за тоа е заштитата на жените во јавниот превоз кои се во оваа земја, но и низ целиот свет, честопати изложени на злоупотреба или несакани коментари.
Асифе Мкефа, иако има само 18 години, е свесна за сите проблеми со кои се соочуваат жените во јавниот превоз, без разлика дали станува збор за насилство или додворување од страна на таксистите или за непристојни и сексистички коментари. “Околу 35 % од најсериозното родово насилство доаѓа од јавниот превоз, односно од нарачување на возила преку такси компании или апликации за поврзување патници и превозници“, рече таа и додаде дека има премногу убиства на жени во такси во Јужна Африка.
Затоа, со цел да се осигури нивната безбедност во јавниот превоз, таа основаше компанија во која ќе работат само жени возачи. Верува дека на тој начин и патниците ќе се чувствуваат побезбедно. Но, идејата е сè уште во почетна фаза. Засега, оваа услуга е достапна само во Кејптаун, но Мкефа размислува и за проширување на својот бизнис и во други градови, пренесува BBC.
Фото: Freepoik