Тинекс прославува две децении постоење

24

banner_za_nas Со вкупно 40 маркети, седум Космо дрогерии, повеќе од 1.200 вработени и над 15.000 различни производи, Тинекс прославува 20 години од своето постоење.
“Приказната започна во далечната 1994 година, кога се отворија за прв пат вратите на првиот Тинекс маркет во населбата Карпош 3. Во тоа време отворањето на еден ваков бизнис беше предизвик од една страна, но и огромно задоволство за потрошувачите од друга страна. Иако многумина беа скептични за идејата, тогашниот мал тим од помалку од 10 луѓе, напорно и деноноќно работеше на остварување на својот сон, кој денеска е вистинска гордост за сите нас”, рече Цветанка Христовска, главен бренд директор во компанијата.
Тинекс, додаде Христовска, прерасна во прв ланец маркети во Македонија, прв македонски бренд, кој секојдневно ги задоволува потребите на повеќе од 30.000 лојални потрошувачи.
Компанијата Тинекс, преку платформата Тинекс, ти и јас, придонесува и за развојот на заедницата, на тој начин што во последните четири години има донирано повеќе од 60 милиони денари за здравството, социјалата, спортот, културата, образованието.
За 20-тина дена, од компанијата најавија дека ќе направат и една голема донација со што ќе ги одбележат своите две децении постоење.
Христовска за крај информираше дека во моментов е во тек големата акција за купување на македонски производи, посочувајќи дека во маркетите на Тинекс има повеќе од 5.000 артикли од македонско производство, создадени од повеќе од 200 македонски компании.