Tip of the Week и на хрватски јазик

23

tow

Во продажба е пуштено првото издание на прирачникот Tip of the Week и на хрватски јазик. Покрај големиот успех во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, хрватското издание на прирачникот може да се купи во поголемите книжарници во Хрватска (AGM, Knjigolijek, Školskа knjigа) и Garden – продавници за здрава храна.

“Голема е радоста кога Tip of the Week концептот  кој го започнавме во Македонија во 2010 година веќе се прифаќа  од различен профил на индивидуалци и компании во регионот. Исто како и во српското издание, и во хрватското издание се додадени текстови напишани од успешни луѓе од Хрватска со цел да им овозможиме на читателите нова балканска перспектива за подобрување на личен  и професионален план”, велат авторите на Tip of the Week концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку.

Хрватското издание на Tip of the Week прирачникот – Moj interaktivni prirucnik o osobni I profesionalni razvoј е издадено во соработка со издавачката куќа NAKLADA NIKA од Хрватска, а повеќе информации за него можете да прочитате тука.