Типови на “токсични” луѓе што треба да ги одбегнувате

323

Постојат неколку типови на луѓе што можат да направат да се чувствувате лошо, измамено, осамено и да се посомневате во сопствените дела и постапки. Затоа потрудете се да бидете што подалеку од нив.

Манипулатор

Без да забележите, манипулаторите ќе ви ја исцрпат енергијата, а притоа ќе се однесуваат пријателски кон вас. Знаат што сакате, што ве прави среќни, но сепак тие ќе ги искористат овие информации за некој скриен план. Овој тип на луѓе секогаш ќе сака нешто од вас. Ќе направат сè за да ве освојат само за да можат во одреден момент да ве искористат.

Избувлив

Некои луѓе тешко ги котролираат своите емоции. Едноставно ќе се истурат врз вас и ќе ве натераат да мислите дека сте виновни за состојбата во која што се наоѓаат. Во ниеден случај не е добро постојано да бидете изложени на емотивни испади од било каков тип.

Жртва

Жртвите е тешко да ги идентификувате од причина што на почетокот сочувствувате со нивните проблеми. Но, како што одминува времето увидувате дека тие постојано се жртви. За нив секоја препрека е планина што не може да се искачи и не се ни трудат да пронајдат начин да го решат проблемот.

Егоцентрик

Овој тип на луѓе се толку опседнати со себе што во вас гледаат само алатка со која што дополнително ќе си ја зголемат довербата. За себе мислат дека се најдобри и не гледаат причина да воспостават вистински врски со другите луѓе, затоа покрај нив може само да се почувствувате осамени.

Завидливец

За завидливите луѓе секогаш туѓото е подобро. Дури и кога ќе им се случи нешто убаво не се задоволни. Вусшност секогаш ќе постои нешто подобро, поубаво, ќе има некој чии дела ќе ги надминат нашите, но поентата е да не ги потценуваме нашите способности и нашата среќа. Токму затоа завидливците треба да се одбегнуваат, во спротивно ќе ве натераат да се посомневате во сè што правите.

Озборувач

Озборувачите се хранат со судбините на другите. Можеби е интересно да се погледне во нечиј личен или професионален живот, но тоа со тек на време станува заморно, а најлошо е што повредува други луѓе.

Осудувач

Луѓето што осудуваат веднаш проценуваат што е добро, а што не. Можат за кратко време да ва натераат да го замразите тоа што навистина сте го сакале. Наместо да учат од другите луѓе и да ги ценат различностите, осудувачите сите ги гледаат со доза на презир. Нивното негативно влијание треба да биде подалеку од вас.

Арогантен

Арогантните само залудно ви го трошат времето, зашто сè што правите вие тие го гледаат како личен предизвик. Ароганцијата е всушност лажна самодоверба и е одлична маска за големата несигурност.