ТИРЗ:2000 нови работни места од почетокот на годинава

30

​​​​Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година покажува редовната месечна анализа. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври извозот од ТИРЗ порасна на 3,122 милијарди евра, со што го надмина минатогодишното ниво на извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега од постоењето на Зоните. Анализата покажува дека извозот во првите десет месеци од годинава е за 26% повисок од 2021, односно за 50% повисок споредено со истиот период во 2020.

Од јануари до октомври 2022 година регистриран е увоз од 2,806 милијарди евра што е за 15% повеќе во однос првите десет месеци од 2021, односно за  43%  споредено со 2020.  Заклучно со октомври и нето извозот е 11,25%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.  

Според анализата, позитивните економски движења се резултат од ефектите од новиот концепт на ТИРЗ, а се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи до крајот на годинава. Од почетокот на спроведувањето на овој концепт, во изминативе 20 месеци се постигнати договори од над 620 милиони евра, а истите треба да донесат над 5000 нови работни места.