Titan – “невидливи“ чорапи за секоја прилика

56

Titan се чорапи изработени од таканаречен Titan конец, силиконска мрежа и сребрен конец со јонизирачко својство што блокира секаква миризба. Специјалниот Titan конец којшто е 15 пати посилен од челик не дозволува кинење на чорапите, а во исто време обезбедува мекост додека се носат.

Петицата е изработена од силиконска мрежа, со цел да го држи стапалото во неа, за да не дојде до вадење на чорапите при соблекување на чевлите. Сребрениот конец со јонизирачко својство ја одбива секоја миризба што предизвикува бактерии

Чорапите се изработени од истите материјали што се користат за изработка на војничка оклопи, мрежи за носење товар и војнички шатори.

Технологијата на шиење овозможува чорапите да останат како нови и по илјадници перења, а дополнителен слој кај прстите не дозволува кинење на тој дел од чорапите што е најчест случај при нивно носење.

Производот имаше успешна кампања на платформата Indiegogo каде собраа 126.420 долари.