Titan Note, уред за полесно фаќање на белешки

46

note

Фото: Indiegogo

Ерик Јансон од Шведска дизајнираше уред за полесно фаќање на белешки. Titan Note го снима гласот и го претвора во текст, а сè што треба да направите е да го притиснете копчето за снимање на уредот. Говорот го претвора во текст, разликувајќи кој зборува, преведува и едитира, а корисникот не треба да се грижи дека пропуштил некоја белешка, пишува Gizmo Times.

Titan Note може да се користи во училница, на работа, за состаноци, зборување на јавни настани и за транскрипција на вашите сопствени мисли.

До белешките може да се пристапи од апликација на Android/iOS, а исто така, преку овој уред може да се слуша музика. Белешките ги преведува на десет јазици (англиски, шпански, германски, француски, португалски, италијански, холандски, шведски, дански и норвешки). Тежи 99 грама, се полни за 1,5 час, издржува 55 часа кога снима, а 30 часа кога на него се слуша музика. Поставен е на платформата за групно финансирање Indiegogo и чини 80 долари.