Тивки сигнали дека на вашето тело му треба помош

31

sol

Фото: Pixabay

Ако со нашиот организам нешто не е во ред, телото ќе каже. Меѓутоа, честопати тие сигнали ги игнорираме, па симптомите може да прераснат во сериозен здравствен проблем. Дознајте кои сигнали говорат дека на вашето тело му е потребна помош.

Проблеми со спиење, раздразливост, грчеви во нозете

Доколку ве мачат овие проблеми, мора да конзумирте храна богата со магнезиум и калиум: ленено семе, семки од сончоглед, бадеми, спанаќ, кељ, блитва, цвекло, сливи и кајсии.

Поголема желба за солена храна

Ова алармира на инфекција или воспаление во телото, најчесто во урогениталниот тракт. Пијте повеќе вода, чај од магдонос, брусница.

Сува кожа

Вашата кожа има потреба од повеќе витамин Е и треба да го зголемите внесувањето на растително масло, масна риба, морков, тиква, ореви. Сува кожа на лактовите упатува на недостаток на витами А и Ц.

Крварење на непцата

Крварењето на непцата е знак дека ви недостасува витамин Ц, затоа пијте повеќе чај и јадете повеќе овошје и зеленчук.

Кршливи нокти и коса

Упатува на недостаток на витамин Б и калциум. Потребно е да конзумирате повеќе млеко, компир, пченица, мешункаст зеленчук.