TnT it market со нов продажен салон во ГТЦ

119

TNT market

Компанијата TnT it market, официјално го објави отворањето на својот нов продажен салон во ГТЦ Скопје. Сите потрошувачи ќе можат да го посетат добро познато место на приземје во Градски Трговски Центар, со тоа што ќе пронајдат модерен ИТ центар со уште поквалитетни производи и компетентно опслужување од професионалната екипа на компанијата.

„Отворањето на нашиот нов, проширен продажен салон во ГТЦ е уште еден чекор по успешниот пат кој го поминуваме со години. ТнТ ит маркет постои веќе осум години на македонскиот пазар и за тој период успеавме да се докажеме како компанија која го нуди најдоброто на своите потрошувачи. Тие освен што се наши клиенти, се и наши пријатели, бидејќи кај нас секогаш можат да најдат одговор на прашањата што ги имаат. Огромно задоволство е тоа што од денес ќе нудиме уште подобра услуга и производи во овој модерен продажен салон. А за сите кои се фанови на онлајн шопингот, ја нудиме можноста да ги купуваат најдобрите ИТ производи и преку нашиот веб сајт: http://tnt.net.mk”, изјави Бобан Тотовски, управител на TnT it market.

Освен тоа, Тотовски дополни дека сите потрошувачи кои денес и во периодот на Велигденските празници ќе го посетат новиот продажен салон на TnТ it market, ќе добијат изненадувачки попуст и многу подароци.