To’ak ги претстави првите винтиџ чоколади по повод Велигден

35

cognac-cask-slide1To’ak се прослави во 2014 како најскапата темна чоколада во светот, со 260 долари по парче, а сега во чест на Велигденските празници ја претстави првата винтиџ чоколада во светот што чини дури 345 долари, пишува Luxuo.

Произведени се само 200 вакви примероци од истата берба на какао од којашто беа направени и првите To’ak чоколади. Составени се од најквалитетното какао од долината во Пједра де Плата во Еквадор, а 50 грамското чоколадо е чувано 18 месеци во буре од коњак старо 50 години.

Секое винтиџ чоколадо е спакувано во дрвена кутија од шпански брест на којашто е изгравирана бројката на чоколадото според производство. Освен тоа, пакувањето вклучува и брошура од 116 страници во којашто се објаснува процесот на “стареење” на чоколадата, како и пар рачно изработени стапчиња за дегустација.