Tобоган распрскува Nivea крем за сончање

25

nivea sunslide

Козметичкиот бренд Nivea го претстави најновиот трик за заштита на децата од силните сончеви зраци на плажа, пишува The Drum.

На тобоганот, под името SunSlide, децата ќе можат да се забавуваат без да забележат дека од горната страна се распрскува крем и лосион со заштитен фактор.

Овој тобоган со крема со заштитен фактор е поставен на плажа во Кејп Таун, Јужна Африка и нуди заштита за околу 100 дечиња за еден час.