Тодориќ доби конкуренција – за Меркатор заинтересиран најбогатиот Полјак?

59

mercatorНа хрватски Агрокор во сопственост на Ивица Тодориќ, во трката за преземање 53% удели на најголемиот словенечки ланец Меркатор му се придружи и фондот на полскиот бизнисмен Мариуш Свиталски, пренесува Финанце.

Свиталски е еден од најбогатите Полјаци и основач на првиот и третиот најголем трговски ланец во Полска, а познат е и по тоа што купува претпријатија, ги поставува на нозе, па потоа ги продава.

Необврзувачки понуди за купување на 53% на акциите на Меркатор, освен Агрокор, пратија и CVC Capital Partners, Mid Europa и Bain Capital.

Тодориќ се сметаше за најверојатниот купувач на Меркатор. Тој во повеќе наврати даваше понуди за акциите, но словенечката влада беше остро против тоа Агрокор да го преземе Меркатор и со тоа на пазарот да доминираат хрватските производи над словенечките.