Тодориќ ќе ги спои Конзум и Меркатор, па ќе продаде третина од новата фирма?

26

konzum_mercatorНовиот модел на реструктуирање на хрватски Агрокор, кој ќе овозможи преземање на словенечки Меркатор без дополнително задолжување, а кој наводно го разоткриле словенечките медиуми, делува прилично уверливо, оценуваат хрватските медиуми.

Пред конечницата, Агрокор би се докапитализирал со помош на партнерите ЕБРД и One Equity Capital, а потоа би се раздвоил на две посебни целини – трговија и прехрана. Планот е да се основа нова компанија Adria Retail, во која ќе бидат преместени сите трговски бизниси на Агрокор. Во Adria Retail на сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ би му припаднал удел од 65%, а остатокот би бил за партнерите во докапитализацијата. Компанијата, во која по преземањето ќе се вклучи и Меркатор, заедно со трговскиот ланец Конзум на Агрокор, по три до пет години ќе се листа и на берзата, со што ќе се долее нов капитал, но и ќе се дисперзира сопственоста, додека прехранбениот бизнис на Тодориќ ќе продолжи да функционира под името Агрокор.

Во соопштението од Љубљанската берза од петокот стои дека конзирциумот на акционери на Меркатор ги прегледал четирите пристигнати понуди и одлучил на подносителите да им отвори потполн увид во работењето на Меркатор.

Хрватските медиуми пишуваат дека Агрокор за акциите на Меркатор понудил 125 евра по акција, а се проценува дека сите акции би можеле да чинат меѓу 400 и 450 милиони евра.