Тојота и Фолксваген постепено започнуваат со производство во Кина

67

Јапонската Toyota и германскиот Volkswagen (VW) постепено се враќаат на работа во  фабриките во Кина по неколкунеделна пауза поради корона заклучувањето.

Тојота денеска објави дека се подготвува да продолжи со работа во фабриката во Чангчун, во провинцијата Џилин, еден од најголемите кинески центри за производство на автомобили, откако производството запре на 14 март, пренесува Си-Ен-Ен.

„Сепак, времето за целосно продолжување на производството допрва треба да се одреди“, се вели во соопштението на јапонскиот производител на автомобили.