Тојота и Фолксваген се повлекоа од Русија без опција за повторен откуп на активите

82

Јапонскиот и германскиот производител на автомобили Тојота и Фолксваген ги префрлија своите активи во Русија без можност да ги откупат.

– Трансакцијата за трансфер на активите на Тојотa, како и онаа со Фолксваген, не вклучува опција за повторен откуп на производствените локации, изјави за руски медиуми рускиот вицепремиер Денис Мантуров.

Претставници на руските власти и менаџментот на јапонската компанија во март соопштија дека јапонскиот производител на автомобили ја префрлил сопственоста на фабриката, опремата и земјиштето во Санкт Петербург на руската државна НАМИ, не откривајќи детали за договорот.

НАМИ, рускиот централен институт за истражување и развој на автомобили и мотори, веќе купи погони од Рено и Нисан.

Фолксваген во мај, без да даде дополнителни детали, соопшти дека ја завршил продажбата на фабриката во Каљуга во Русија и нејзините локални подружници на руската групација за трговија со автомобили Авилон и финансиски инвеститор.

Фото: Facebook