Тојота инвестира уште осум милијарди долари во производство на батерии во САД

37

Автомобилскиот гигант Тојота масовно ги зголемува инвестициите во производството на батерии во САД.

Имено, производителот на автомобили ќе инвестира уште осум милијарди долари во својата фабрика за батерии во Северна Каролина и ќе отвори 3.000 нови работни места, се вели во најавата, пренесе Electrive.

Вкупната инвестиција во фабриката за батерии на Тојота во американската сојузна држава Северна Каролина на тој начин достигна 13,9 милијарди долари.