Тојота повлекува повеќе од 1,8 милиони возила RAV4 поради опасност од пожар

22

Јапонската Toyota соопшти дека повлекува повеќе од 1,8 милиони возила RAV4 произведени помеѓу 2013 и 2018 година поради опасност од пожар.

Во соопштението се наведува дека некои заменски батерии во овие теренци не се со правилна големина и може да се олабават и да предизвикаат пожар доколку автомобилот нагло заврти, пренесува CNN.

„Движењето може да предизвика позитивниот терминал на батеријата да дојде во контакт со стегачот за задржување на батеријата и краток спој“, се вели во соопштението на Тојота.

Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека работи на поправка што ќе биде целосно бесплатна за сопствениците на овие возила. Ќе бидат известени во декември, пренесува Танјуг.

Фото: Pixabay