Тојота продава сè повеќе автомобили

101

Тојота продаде 5,1 отсто повеќе возила во првата половина од годината во споредба со истиот период минатата година, благодарение на олеснувањето на ограничувањата за снабдување со полупроводници и особено поголемата побарувачка во Јапонија.

Компанијата продаде околу 4,9 милиони возила ширум светот во првите шест месеци, вклучувајќи го и својот луксузен бренд Lexus, во споредба со околу 4,7 милиони во истиот период минатата година, пренесува Mina.

Продажбата на Toyota во Јапонија скокна за 33,2 отсто на 878,2 илјади единици во споредба со претходната година. Продажбата во Соединетите Американски Држави  падна за 0,7 отсто на нешто повеќе од милион возила, а во Азија за половина отсто на околу 1,5 милиони единици.

Во јуни, глобалната продажба се зголеми за десет проценти на 898,95 илјади единици, благодарение на зголемената побарувачка, вклучително и за електрични возила, како што се хибридите, на клучните пазари како што се САД и Европа.

Продажбата во Кина во јуни падна за 12,8 отсто на годишно ниво. Во периодот од јануари до јуни, продажбата во Кина паднала за 2,8 отсто.

Глобалната продажба на хибридни електрични возила се зголеми за 37,6 отсто на годишно ниво на 292,13 илјади единици, што претставува нешто помалку од една третина од вкупниот број продадени возила ширум светот во јуни.

Во јуни Tојота продаде 10,19 илјади електрични возила со батерии ширум светот, вклучувајќи го и брендот Lexus, со што вкупниот број на возила со батерии продадени во првата половина од годината достигна 46,17 илјади единици.