„Тојота“ со послаби резултати во февруари: Продадени 806.905 возила под притисок на глобалните ризици

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота мотор“ денес објави дека забележал пад на продажбата во февруари, а експертите предупредуваат дека наскоро ќе се соочи со последиците од конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата во синџирите на снабдување.

Вкупната глобална продажба на компанијата „Тојота мотор“ во февруари, вклучувајќи ги и подружниците „Даихацу“ и „Хино“, се намали за 2,3 проценти на годишно ниво на 806.905 возила, објавува „Јапaн тајмс“.

На кинескиот пазар, падот беше поизразен – продажбата во дивизиите „Тојота“ и „Лексус“ се намали за 13,9 проценти, додека производството во таа земја се намали за 11,5 проценти, првенствено поради одложувањето на Лунарната Нова Година.