Токио 2020: Дали домаќините ќе доживеат економски бум или минус?

37

Олимписките игри во 2020 година што во моментов се одржуваат во Токио изгледаат импресивно, во секоја смисла. Но, сето тоа чини пари.

BBC направи груба анализа на трошоците: Колку чини да се биде домаќин на најголемиот спортски настан? Постојат многу планови, предизвици, задачи, особено по кризната во 2020 година.

Финалниот буџет на Токио за Олимпијадата е повеќе од 15 милијарди долари. Летните олимписки игри оваа година, наводно, се најскапи досега, а официјалните трошоци се повисоки за 22%, достигнувајќи 15,4 милијарди долари. 

И Игрите одржани во 2016 година во Бразил не беа многу поевтини, но Рио де Жанеиро сепак издвои помалку од 15 милијарди долари за таа цел. Според една студија, просечните трошоци поврзани со организацијата на Олимписките игри изнесуваат 12 милијарди долари во периодот од 2007 до 2016 година.

Интересно е што во текот на изминатата деценија, градовите домаќини секогаш трошеле повеќе од планираното. Олимписките игри во 2004 година во Атина, Грција, подоцна беа “обвинети“ за продлабочување на економската криза во земјата, а Монтреал (Канада) ги отплаќаше своите долгови децении подоцна, поради овој спортски настан.

Од друга страна, не треба да се заборави дека и Олимпијадата носи многу пари. Пред сè постојат бројни спонзорства за Меѓународниот олимписки комитет и договори со телевизии.

Исто така, градовите домаќини се надеваат на економски подем по настанот: од отворање нови работни места, преку туризам, до инвестирање во инфраструктура и спорт.

Во овој контекст, Барселона се зема како пример, во периодот од 1992 година, кога градот беше повторно развиен. Шпанскиот “бисер“ оттогаш е една од најпопуларните туристички дестинации и тој успех трае речиси 30 години.

Токио 2020 се бори против глобалната пандемија и тешките услови за организирање на најголемиот спортски настан во светот. Сегашната ситуација доведе до трошење милијарди долари повеќе од вообичаено. Оваа година стадионите нема да бидат полни.

Економските експерти се скептични по прашањето дали Олимписките игри придонесуваат за економски просперитет на градот во кој се одржуваат. Од друга страна, не треба да се гледа на сè преку “бројки“, има нешто во престиж, односно гордост.

Фото: Facebook