Том Круз и Маск ќе снимаат филм во вселената?

59

Актерот Том Круз и сопственикот на Spaсе X и Tesla, Илон Маск, работат на заеднички проект со НАСА којшто подразбира снимање на акционен филм во вселената, пишува Deadline.

Би било премногу доколку целиот филм се снима во вселенската капсула Crew Dragon на Space X, но би можеле да бидат снимени некои помали секвенци. Доколку стане реалност, ваквиот филм сигурно ќе треба да располага со огромен буџет за да може да се оствари целта.

Сè уште нема официјална потврда од ниту една страна за оваа најава.

Инаку, Space X на Маск на крајот на овој месец би требало да однесе двајца астронаути на НАСА на Меѓународната вселенска станица со што Dragon Crew ќе го има првиот лет со екипаж од луѓе.

Позната е идејата на Маск за развивање вселенски туризам.

Фото: Pixabay