Том Круз лета во вселената во октомври следната година

50

Холивудскиот актер, Том Круз и режисерот Дау Лиман, најверојатно ќе летнат во вселената во октомври следната година, пренесува Deadline.

Тоа вселенско патување ќе биде поврзано со снимање на ново продолжение на Невозможна мисија (Mission impossible).

Во оваа мисија, актерската екипа ќе има поддршка од сопственикот на Tesla и SpaceX, Илон Маск. Би било премногу доколку целиот филм се снима во вселенската капсула Crew Dragon на Space X, но би можеле да бидат снимени некои помали секвенци. Доколку стане реалност, ваквиот филм сигурно ќе треба да располага со огромен буџет за да може да се оствари целта.

Инаку, Круз и Лиман ќе летаат со Crew Dragon, а со него ќе управува Мајкл Лопез Алегриа.

Фото: Facebook