TOMS – компанија што донира онаму каде што е потребно

37

tomsФото: Toms Shoes

TOMS Shoes е компанија што произведува чевли за да им ги подари на децата кои не можат да си дозволат пар обуви.

Идејата се родила во 2006 година при едно патување во Аргентина во 2006 година кога основачот, Блејк Микоски, бил запрепастен од глетката на деца кои растат без чевли. Сакајќи да им помогне ја креирал компанијата TOMS Shoes. Замислата наскоро прераснала во моќен бизнис што се развил во целиот свет.

Освен со чевли, TOMS го проширува својот бизнис и на производство на диоптерски очила. Во помалку развиените држави, компанијата постојано донира пари за очни прегледи, медицински третмани и операција на очите.

Досега TOMS има донирано над 50 милиони чевли на децата кои одат боси, помогнала да им се подобри видот на над 360 илјади луѓе и обезбедила чиста вода во шест држави. Пред неколку години ја стартуваше и нивната колекција на чанти. Парите од секоја купена чанта се вложуваат во подобрување на условите за породување на жените во сиромашните држави.