Сопственикот на германската месна индустрија Tönnies, Клеменс Тенис денеска во Белград потврди дека планира да организира производство на месо во Србија, пишува Екапија.
Тој имал разговори со српските власти за следните чекори за доаѓање на компанијата во земјата, од коишто најважен е добивањето на дозвола за работа и образување на кадри од Србија.
Тенис истакнал дека тим од неговата компанија веќе работи на проектирање на 10 фарми во Србија и рекол дека нивното доаѓање не значи потиснување на домашното производство, туку идејата е да се ангажираат тие кои веќе произведуваат на српскиот пазар.
Германски Tönnies е еден од најголемите производители во Европа, којшто годишно одгледува околу 17 милиони свињи, но и околу 400.000 говеда и остварува годишен обрт од околу пет милијарди евра.