Топ 10 извозници и увозници во БиХ

60

uvoz izvoz

Според податоците на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, најголем извоз минатата година е остварен на пазарот во Германија, во износ од 690 милиони евра, а потоа следуваат пазарите на Хрватска и Италија. Најголем увоз е направен од Хрватска, во вредност од 1,37 милијарди евра, потоа од Србија и Германија.

Според податоците на Управата за индиректно оданочување, поради поплавите значително е намален извозот на стока од БиХ. Во првиот квартал оваа година, извозот паднал за нешто преку 10 милиони евра во однос на истиот период минатата година, а увозот во првиот квартал е зголемен за скоро 128 милиони евра во однос на истиот период лани.

Од Управата за индиректно оданочување, за Бука откриваат кои се најголемите увозници и извозници во БиХ до сега во 2014 година. Топ 10 увозници се Оптима група Бања Лука, Холдина Сараево, Превент БХ Високо, ЕФТ – рудник и термоцентрала Станари, Глобал испат коксна индустрија Лукавац, ArcelorMittal Зеница, Алуминиј Мостар, Енегроинвест Сараево, Фабрика за обувки Спортек Котор Варош, Prevent Leather Сараево.

Топ извозници се Превент БХ Високо, ArcelorMittal Зеница, Алуминиј Мостар, Оптима група Бања Лука, Алумина Зворник, Глобал испат коксна индустрија Лукавац, Борац експорт – импорт Травник, Фабрика за обувки Спортек Котор Варош, Sisecam Soda Лукавац, Natron – Hayat Маглај.