Топ 10 модели на Christian Louboutin

72

Christian Louboutin е еден од најпознатите модни дизајнери во светот. Неговите високи потпетици се омилени на холивудските актерки и на сите префинети дами. Црвениот ѓон, која фирмата го става стана симбол на елеганцијата. Louboutin е Французин. За прв пат чевлите го предизвикале неговиот интерес уште кога бил дете и посетил музеј со својот клас. Во една од салите имало знак дека влегувањето со високи потпетици е забрането. Ова предизвикало кај него интерес кон високите потпетици. Подоцна почнал да работи како дизајнер за Chanel и Yves St. Laurent. Неговиот сопствен бренд Christian Louboutin е основан во Париз во 90-тите години. Црвениот ѓон се појавил во 1993 година и го имитирале многумина, но судот не му дозволи на брендот да ја патентира. Денес компанијата прави и чанти и други модни додатоци. Цената на чевли со висока потпетица и црвен ѓон на брендот пулсира меѓу 400 – 6.000 долари во зависност од моделот.

Во продолжение една селекција од некои од најелитните модели кои секоја дама сонува да има:

10. Сандали Cataclou Red-Sole Espadrille – 695 долари

l10(9)

Секоја дама има потреба од убави сандали за во лето. Овие сандали со висока платформа и црвен ѓон се идеални за прошетки во градот.

9. Bianca – 845 долари

l9(9)

Тоа е класичен модел Christian Louboutin. Има и опција во црвена и месо боја. Висината на потпетиците е 14 см.

8. BeautyK: 895 долари

l8(9)

Овие златни сандали се погодни и за во ноќен клуб, како и за прошетка по плажа. Високи се 10 см.

7. Highness – 1.075 долари

l7(11)

Висината на потпетицата е 10,2 см, а на платформата 5 см. Чевлите се од кожа и се покриени со златна прашина.

6. Body Strass Mesh – 1.195 долари

l6(12)

Личат на стаклените чевли на Пепелашка. Природно дека ѓонот е црвен. Висината на потпетицата е 10 см.

5. Lady Peep Sling Spikes – 1.395 долари

l5(12)

Ова е нов модел од колекција Пролет/Лето 2014 година. Може да ги нарачате во морско зелено или класична црна. Потпетицата е висока 15 см, а платформата 5 см. Чевлите се од кожа.

4. Decollete Python – 1.139 долари

l4(11)

Колку редок е материјалот, толку се поскапи чевлите, а овие се од кожа на питон. Високи се 10 см.

3. Belle – 1.395 долари

l3(11)

Според Louboutin секоја жена треба да има во својата гардероба леопардови чевли. Овие потпетици се високи 10 см и се едни од омилените модели на самиот дизајнер.

2. Canassone Botta – 1.745 долари

l2(13)

Овие чизми се од кожа и се високи 10 см, а платформата им е 5 см.

1. Artifice Strass – 2.795 долари

l1(13)

Овие чевли се вистинско уметничко дело. Високи се 10 см и обложени се со фини орнаменти од кристали.