Уделот на пазарот на електрични возила во Европската унија продолжува да расте во 2021 година. Во 2019 година, автомобилите на батерии зафатија 3,4% од сите новорегистрирани патнички возила во ЕУ. Веќе во 2020 година, нивниот удел на пазарот се зголеми на 9,7%, а во март 2021 година скокна на 16% од вкупната продажба во ЕУ.
Една од причините за овој раст треба да се бара во поголемата понуда на електрични возила во споредба со претходните години, и секако е значајно што групацијата Volkswagen лансираше неколку нови електрични автомобили, од кои најдостапен е VW ID.3.
Сепак, убедливо најпродаваниот електричен автомобил во ЕУ во март 2021 година (не сметајќи ги трите балтички земји и Луксембург) беше моделот на Tesla Model 3. Во март беа продадени 23.616 од овие возила.
Tesla Model 3 – 23.616 продадени автомобили
Hyundai Kona Electric- 5.650 продадени автомобили
Renault Zoe – 5.373 продадени автомобили
VW ID.3 – 4.874 продадени автомобили
VW ID.4 – 4.766 продадени автомобили
Nissan Leaf – 4.503 продадени автомобили
VW e-Up! – 4.159 продадени автомобили
Kia e-Niro – 4.037 продадени автомобили
Peugeot e-208 – 4.024 продадени автомобили
FIAT 500 Electric – 3.415 продадени автомобили
Фото: Pixabay