Топ 100 најврeдни брендови во светот

67

Брендот Coca-Cola во 2012 година порасна за 8% и се уште е најскапиот бренд во светот. Ова се резултатите на агенцијата Interbrand од својот традиционален отчет за стоте највредни брендови во светот. Брендот Coca-Cola според експертите на агенцијата вреди 77,8 милијарди долари. За споредба Pepsi се наоѓа на 22-то место со вредност од 16,6 милијарди долари, 4,7 пати послаб од Coca-Cola.

На второ место според Interbrand е Apple. Оваа година вредноста на брендот го проценуваат на  76,6 милијарди долари. Третото место му припаѓа на IBM (75,5 милиарди), а во првата петорка уште спаѓаат и Google (69,7 милијарди) и Microsoft (57,9 милијарди). Потоа следуваат General Electric, McDonald’s, Intel, Samsung и Toyota.

Еден бренд за да се најде на оваа листа неговата вредност треба да биде повеќе од 3,7 милиарди долари.

Меѓу главните губитници во 2012 година беа два производители на мобилни телефони: Вредноста на брендот Blackberry падна за 39% на 3,9 милијарди долати и Nokia – 16% до 21 милијарди долари. На оваа листа за прв пат се најде брендот Facebook кој го зазеде 69-то место со 5,4 милијарди долари.