Топ 100 романски стартапи лани направиле скоро 40 милиони евра

37

pari

Најголемите 100 мали и средни компании во Романија, основани од млади претприемачи коишто првпат почнуваат бизнис, забележаа промет од над 39,8 милиони евра минатата година и направија профит од 2,6 милиони евра. Овие компании имаат околу 730 вработени, пишува Romania Insider.

Во 2011 година, романската влада започна програма за поддршка на млади претприемачи што прв пат се впуштаат во бизнис и основаат мали и средни претпријатија. Програмата им овозможува на млади под 35 години да основаат фирма без да плаќаат даноци и до 10.000 евра неповратни средства врз основа на бизнис плановите. Преку оваа програма до сега средства добиле над 30.000 фирми. Младите претприемачи успеале да креираат околу 60.000 нови работни места во текот на овој период.