Американскиот магазин Entrepreneur повеќе од 40 години ја објавува листата на топ 500 франшизи во светот.
Ние ви ги претставуваме првите пет од топ 500 франшизи во светот:
Dunkin’
Основана во 1950 година, Dunkin’ Donuts денес има продавници во над 32 земји и на своите клиенти им нуди над 70 различни видови на крофни. Иницијалната инвестиција за купување на франшизата на Dunkin’ се движи од 395.500 до 1,5 милиони долари.
Taco Bell
Taco Bell е основана од 1962 година, а со продажба на франшизи почнува две години подоцна. Денес е дел од Yum! Brands Inc, што ги нуди и франшизите за KFC и Pizza Hut. Потребната иницијална инвестиција за отворање на ресторан за брза храна се движи од 525.525 до 2,9 милиони долари.
McDonald’s
Компанија основана во 1955 година, а од истата година почнува да нуди и франшиза. Иницијалната инвестиција за отворање на ваков ресторан се движи од 1,2 до 2,2 милиони долари.
Sonic Drive – in
Уште еден ресторан за брза храна влегува меѓу најголемите франшизи во светот. Основан е во 1953 година, а шест години подоцна почнува да нуди франшиза. Иницијалната инвестиција за отворање на ваков ресторан се движи од 1,2 до 3,5 милиони долари.
The UPS store
Оваа брза пошта е основана во 1980-та година, од кога почнува да дава и франшиза. Иницијалната инвестиција за отворање на UPS е од 138.433 до 470.031 долар.
Фото: Freepik