Топ менаџерите во Хрватска имаат 107% повисока плата од просекот

52

Во изминатите три месеци, просечната хрватска плата изнесувала 728 евра, што е за 0,7% пониска во однос на истиот период лани. Во овие три месеци, мажите имале во просек 9% повисока плата од жените, покажува истражувањето на порталот Мој посао.

Освен категоријата топ менаџери, кои во просек имаат 107% повисока плата во однос на просекот, најплатени се работните места во телекомуникациите (+53%), а потоа во областа на технологијата и развојот (+45%). Најниска просечна плата е забележана во категориите помошни (-36%) и услужни дејности (-34%).

Разликата е евидентна и во сопственичката структура на фирмите – платите во приватниот сектор во странска сопственост се повисоки за 13%, додека во приватните фирми во домашна сопственост се за 7% пониски. Во државните фирми, платата е за 3% повисока од просечната.

Степенот на образование игра голема улога во висината на платата. Лицата со завршено високо образование имаат 49% повисоки плати од оние со средно образование. Магистерска или докторат ги зголемуваат платите за дури 99% во однос на ССС.

Хрватските вработени имаат повисоки плати од колегите во регионот. Колку за споредба, земајќи ги во предвид просечните бруто плати во евра, Хрватска има 15% повисока просечна плата од Словачка, 14% од Унгарија, 5% од Чешка. Во однос на Босна и Херцеговина, Хрватите имаат 39% повисока плата, а разликата е најголема во однос на Србија, 77%.