Топка сладолед од 800 долари

24

luksuz-fancy-delicious-sladoled

Black Diamond е најскапата топка сладолед во светот што може да ја нарачате, доколку го посетите новоотвореното кафуле Scoopi Cafe во Дубаи. Студеното слатко задоволство ќе ве чини само 800 долари.

Неговата цена е толку висока поради ретките и квалитетни состојки од кои е направен. Black Diamond или црниот дијамант е мешавина на сладолед од ванила од Мадагаскар, редок ирански шафран и парче црн италијански тартуф.

mb25-00-example

На крај сладоледот е декориран со една лажица 23-каратен златен прав, кој може да се јаде. Слаткото задоволство се послужува во префинета Versace чинија и лажичка кои купувачот потоа може да ги задржи.

Сопственикот на ова кафуле, Зубин Доши изјави дека и покрај тоа што популарните производи од сладолед во Дубаи се евтини, тој очекува голем успех со неговиот смел потфат. Како една од причините го наведува зголемениот број на луѓе кои се спремни да потрошат малку повеќе за производ со врвен квалитет.